Балкан

Од денеска нема пушење на затворени јавни места

Во Федерацијата Босна и Херцеговина од денеска не се пуши на затворени јавни места, во јавниот превоз и во автомобилите каде што има малолетници, откако стапи на сила Законот за забрана за пушење на јавни места.

Сопствениците на угостителски објекти во кои најмногу се трошат цигари ќе треба на видливи места да истакнат знак „забрането пушење“, пренесува Независне новине.

Пепелниците и другите садови за складирање на пепел не смеат да бидат изложени во зградата, а пушењето е дозволено само во посебни простории наменети за оваа намена.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни