Од компликации од Ковид – 19 почина радиологот Поликсена Стојановска – Ѓоргиевска од Здравствениот дом во Ресен.
„Тешко е да се простиш од некој и да кажеш збогум кога е тој нераскинливо врзан за твоето постоење и функционирање. Но, лесно е кога треба да кажеш што сѐ тој човек значи за нас. Поликсена Стојановска – Ѓоргиевска- нашата Поли – специјалист по радиодијагностика“-велат нејзините колеги.
Радиологот Стојановска–Ѓоргиевска целиот свој работен век е дел од Здравствениот дом во Ресен, целото свое знаење и квалитет ги вгради во оваа институција, а како што велат нејзините колеги „цела своја човечност и топлина им ја даде на пациентите во Преспа“.
Ги вгради своете знаење квалитет во оваа институција и беше нејзин нераскинлив дел, велат вработените во Здравствен дом Ресен.