Македонија

“Од несериозни луѓе имате само несериозни одлуки”, рече Заев коментирајќи ја изјавата на Мицкоски кој напиша “Пендаровски дали се слушаме”

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 коментирајќи ја изјавата на Христијан Мицкоски кој напиша „Пендаровски дали се слушаме“, истакна дека од несериозни луѓе има само несериозни одлуки.

„Од несериозни луѓе имате само несериозни ставови, впрочем тоа и го видовме – кога требаше да се носат најголемите одлуки за државата заради стратешките цели, заради едно општество за сите, нив ги немаше никаде, немаа ставови, бегаа, бојкотираа и до ден денеска тоа се случува“, додаде Заев.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни