Македонија

Од ноќеска поевтин бензин, кај дизелот нема промени на цената

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат, додека цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-98 се намалува за 1,5 денар и сега ќе чини 68,5 денари за литар. Малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95 се намалува за 1 денар, и според новата цена ќе чини 66,5 денари за литар.

Цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат, односно остануваат на 62 и 50,5 денари за литар.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни