Во соопштението кое го испратија попладнево од Општина Битола информираат дека во изминатите два дена не е надмината границата на штетни честички во воздухот.
„Според добиените податоци од Министерството за животна средина и просторно планирање, измерени за мерната станица Битола 2, во двата изминати последователни денови (15 декември и 16 декември), не се надминати граничните вредности“.
Од општината смируваат и велат дека доколку има зголемено присуство на штетни честички во воздухот благовремено ќе ги информира граѓаните и ќе презема соодветни законски постапки. Ги повикуваат граѓаните да ги следат официјалните соопштенија од страна на општината во наредниот приод.

„Прагот на алармирање за суспендирани честички со големина од десет микрометри (PM10) од 14 декември 2019 година се намалува од 188 g/m3 и истиот изнесува 175 g/m3 среднодневна концентрација во текот на два последователни дена и добиена прогноза за стабилна временска состојба во наредниот период“, велат од Општина Битола.
ТВ21 синоќа информираше дека Битола беше најзагаден град во Македонија, а една од мерните станици регистрираше и до 821 микрограм на метар кубен
За во 17 часот пред зградата на општината е закажан и протест.
Алармантно! 821 микрограми на метар кубен во Битола – највисок пик за време не експлозијата