Играчката на далечинско управување од марката PEPCO е повлечена од пазарот во Србија поради опасност од изгореници, се наведува на веб-страницата на системот за предупредување за небезбедни производи (НЕПРО).
Станува збор за играчка за далечинско управување на брендот PEPCO со име R/C CAR која наликува на пчела, бројот на моделот е SKU 596565, а баркодот е 2200159656563 и 2200259656593.
Наведено е дека играчката може да се прегрее и да предизвика изгореници или пожар.
Производот е спакуван во печатена картонска кутија, а земја на потекло е Кина.
„Потрошувачите се информираат преку веб-страницата и известувањата истакнати на продажните места за ризикот што го има производот, како и можноста за враќање на парите“, се наведува на веб-страницата на НЕПРО.
