Свет

„Од почетокот на војната го гледам само на ТВ“, вели првата дама на Украина за Зеленски

„Од почетокот на војната го гледам само на ТВ“, вели првата дама на Украина за Зеленски

Сопругата на првиот човек на Украина, Олена Зеленска откри пред јавноста дека не го видела Володимир Зеленски од почетокот на војната, поточно пред повеќе од два месеци.

Изјавата ја даде за полскиот весник „Rzechpospolita“. Во интервјуто открива: „го гледам исто како и Вие, на телевизија и на видео снимки од неговите говори“.

Зеленска открива дека во ниту еден момент конфликтот не го променил нејзиниот сопруг како човек. Го опиша како човек „на кој можеш да се потпреш“.

-Русија планира геноцит, беше репликата која Зеленска ја потенцираше прашана за руско-украинскиот конфликт.

„Немам што повеќе да им кажам. Ако ковчезите не ги убедат дека тука нешто не е во ред- нема што да им кажам“, изјави Зеленска за полскиот весник.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни