Од полноќ ќе се вози со поевтини горива

Цените на бензините од полноќ се намалуваат од половина до еден денар, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика.

За еден денар бидат намалени Еуросупер БС-98, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство, а за половина денар паѓа цената на Еуросупер БС-95.

Сега новата цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 70 ден/лит, на дизелот 62 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 51,50 ден/лит. Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 68 ден/лит.

Цената на мазутот ќе се зголеми за 0,621 ден/кг со што тој од ноќеска ќе се продава по цена од 33,779 ден/кг.

Извор: ТВ21