Од што во моментов зависи дали на 10-ти ноември, Бугарија ќе даде зелено светло или не? Одговара МНР Османи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи е вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21. Се дискутира за ситуацијата и односот со Бугарија и нивната евентуална блокада кон евроинтеграциите.

Бујар Османи на прашање од модераторот на ТВ21 од што зависи дали Бугарија ќе даде зелено светло на 10. ноември, одговори:

„Постои можност да се олеснат некои грижи на Република Бугарија во однос на некои прашања. Ќе оставиме тоа да разговараме во билатералната комуникација меѓу двете држави, за да видиме дали е тоа доволно искористување на тој простор што постои да преминеме во втората фаза и да продолжиме со комуникација“, рече Османи.

Целата изјава низ видео:

.

Извор: ТВ21