Македонија

Од текстови против ЛГБТ-заедницата и феминизмот до кандидат за КСЗД

Од текстови против ЛГБТ-заедницата и феминизмот до кандидат за КСЗД

Мрежата за заштита од дискриминација изрази сериозна загриженост поради предлогот Исмаил Синани да биде избран за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД). Организацијата смета дека неговите јавно изнесени ставови и досегашното професионално искуство отвораат прашања за неговата соодветност за функцијата.

Реакцијата следува откако собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата го предложи Синани за член на КСЗД.

Главни забелешки од Мрежата

  • Во повеќе јавно достапни текстови, објавени во периодот кога Синани работел како новинар и уредник во медиуми на албански јазик, се изнесени ставови кои содржат негативни квалификации за ЛГБТ-заедницата, феминизмот и родовата еднаквост.
  • Овие ставови, според Мрежата, предизвикуваат сомнеж за неговото разбирање на човековите права, еднаквоста и недискриминацијата – принципи врз кои функционира Комисијата.
  • Се тврди дека Синани не го исполнува законскиот услов за минимум седум години работно искуство во областа на човековите права, од кои најмалку пет години во областите еднаквост и недискриминација. Во неговата биографија се наведуваат медиумски активности, соработка со граѓански организации и учества на настани поврзани со родови прашања, но без конкретни примери за професионална работа на заштита од дискриминација.

Мрежата бара појаснувања за критериумите според кои е спроведена селекцијата на кандидатите и за начинот на кој е утврдено дека предложениот кандидат е најсоодветен за функцијата.

Организацијата го поздрави зголеменото ниво на транспарентност откако Собранието ги објави листите на пријавени кандидати и оние кои ги исполниле формалните услови. Сепак, сметаат дека и понатаму недостигаат доволно информации за процесот на оценување и избор.

Ова е трет обид во последните неколку месеци за избор на член на КСЗД, процес што претходно беше проследен со критики и јавни дебати. Исмаил Синани досега јавно не се има огласено по повод реакцијата на Мрежата за заштита од дискриминација.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни