Македонија

Од утре исплата до 20.000 денари за клиентите на „Алта банка“ без картички

Од утре исплата до 20.000 денари за клиентите на „Алта банка“ без картички

Граѓаните кои имаат платежни сметки во „Алта банка“ АД Битола, но немаат платежни картички, од утре, четврток, 5 ноември, ќе можат да подигнат готовина на шалтерите во главната филијала во Битола. Ќе можат да повлечат до 20.000 денари, што е максималниот дозволен износ за период од две недели, соопшти Народната банка.

Исплатата ќе се врши на повеќе шалтери во филијалата на улицата „Добривое Радосављевиќ“ бр. 21. Можноста е наменета за клиентите без платежни картички, особено за пензионерите и примателите на социјална помош кои средствата ги добиваат преку сметки во банката.

За денот и часот кога треба да дојдат, граѓаните ќе бидат известени преку СМС-порака. Исплатата ќе се одвива во текот на повеќе денови, според утврден распоред.

Од Народната банка апелираат клиентите да ги почитуваат добиените термини и да не доаѓаат во денови кога не се повикани или порано од закажаниот час, за да се избегнат гужви и долго чекање. За оние кои нема да можат да дојдат во определениот термин ќе бидат обезбедени дополнителни термини.

Од петок, 6 ноември, вклучително и во сабота, 7 ноември, филијалата ќе работи во две смени за да опслужи што поголем број клиенти.

Шалтерите ќе бидат наменети исклучиво за подигање готовина и на нив нема да се извршуваат други трансакции.

Народната банка најави дека се подготвува отворање шалтери за пензионерите и примателите на социјална помош и во други градови. Деталите за овие исплати ќе бидат дополнително објавени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни