Од утре нема квоти за лековите во аптека – ќе се купуваат со лична карта

Гужвата во аптеките треба да биде минато бидејќи ќе има неограничен број на лекови во текот на целиот месец, најавуваат од Фондот за  здравствено осигурување. Од утре се укинуваат квотите во сите аптеки на целата територија на земјава и се воведува електронски систем за нивното купување. Граѓаните ќе треба само да прикажат документ за идентификација кај нивниот матичен лекар и во аптеката при подигање на одреден лек.

Оваа мерка од минатиот месец се спроведува во туристичките места како што се Охрид, Ресен, Струга, Гевгелија и Дојран. Оваа мерка, според власта, помилана успешно, а позитивни резултати се очекуваат во целата држава. Фондот за оваа реформа ќе потроши од 100 до 300 милиони денари, средства обезбедени од буџетот.
Министерот за здравство пак, Венко Филипче, уверува дека ова се само дел од реформите за подобрување на здравствените услуги во земјата.

Во аптеките ќе бидат поставени и читачи на податоци на личните карти, со цел утврдување на легитимноста на документите. Со ова ќе се избегнат злоупотребите и ќе се води евиденција за тоа колку лекови подигнал некој пациент. Од Фондот ги уверуваат граѓаните дека нема ризик од злоупотреба на личните податоци. Лекови за деца, постари и изнемоштени лица, може да подигне нивно блиско лице. За два месеци се очекува да има само електронски рецепти.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното