Од утре нестабилно време со поројни дождови и грмежи – ЦУК со препорака граѓаните да не седат под дрвја

Денес времето ќе биде променливо облачно, од пладне најпрвин во западните делови со врнежи од дожд, кои до вечерните часови ќе се прошират на повеќе места.

Локално во западните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 25 л/м2). Ќе дува слаб до умерен, а попладне и кон крајот на денот повремено засилен ветер од јужен правец.

Утре ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на места со пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер.

Во Скопје денес во попладневните и вечерните часови ќе има врнежи од дожд (за 12 часа се очекува да наврнат околу 15 л/м2).

Утре попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.