Македонија

Од утре Владата секој ден ќе информира колку е произведена струја, продадена и увезена

Од утре Владата секој ден ќе информира колку е произведена струја, продадена и увезена

Почнувајќи од утре преку портпарол службата на Владата, на редовно ниво ќе се информираат граѓаните пред сѐ за домашното производство на електрична енергија преку енергетскиот биланс, но и за сите останати информации кои се од интерес на јавноста на оваа тема.

„Енергетска транспарентност е неопходнa и затоа, јавно и транспарентно, со граѓаните ги споделуваме информациите кои ќе се важни за справување со енергетската криза“, вели премиерот Димитар Ковачевски.

„Доброто менаџирање на енергетската криза дава резултат. Домашното производство ги задоволува 100% од потребите на домаќинствата и малите потрошувачи. За изминатото деноноќие АД ЕСМ произведе 11.335 MWh – во термоелектраните произведени се 8.824 MWh, а од обновливи извори, во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.511 MWh. Воедно, во моментов немаме никаква потреба од увоз на струја. Ја следиме состојбата со енергетскиот систем и навремено ги преземаме сите неопходни мерки за негово ефикасно функционирање“, додава Ковачевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни