Македонија

Од знаење до пракса: во соработка со ТИТАН Усје студентите се запознаваат со современи градежни решенија

Од знаење до пракса: во соработка со ТИТАН Усје студентите се запознаваат со современи градежни решенија

ТИТАН Усје продолжува да инвестира во развојот на идните инженерски кадри преку активности што го поврзуваат академското образование со практичната примена на знаењето.

Во рамки на оваа заложба, 28 студенти и професори од Градежниот факултет реализираа стручна студиска посета во Солун, Грција. Делегацијата беше предводена од главниот извршен директор на ТИТАН Усје Константинос Николаoу, заедно со претставници од тимовите за готов бетон, продажба и корпоративна општествена одговорност.

Во фокусот на оваа активност беше посетата на Солунската обиколница (Flyover). Се работи за модерна обиколница околу Солун, во должина од 30 километри, од кои 4 километри се издигнати со вијадукти. Ова е еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Грција, како и во регионот, каде се применува најсовремена технологија на градење на ваков тип на градби. Студентите ја посетија и фабриката INTERBETON, членка на ТИТАН Групацијата, каде што се запознаа со производството на готов бетон што се користи за изградбата на Солунската обиколница (Flyover).

Посетата продолжи и во фабриката ТИТАН Ефкарпија каде што на студентите им беа презентирани клучните аспекти од работењето на фабриката и имаа можност непосредно да се запознаат со производните процеси во цементната индустрија, примената на напредни технологии, како и со активностите за одржлив развој. Беа презентирани и иновативните решенија што ги применува групацијата ТИТАН во сите свои компании, вклучително и во ТИТАН Усје во Скопје.

„Поддршката на младите во текот на образованиот процес и можноста да учат од реалниот сектор е еден од нашите најголеми приоритети. Ние сакаме да помогнеме во градењето на стручниот кадар, затоа во континуитет работиме со академската заедница и го споделуваме нашето искуство и знаење со младите“, истакна Иван Ангелов, Комерцијален и оперативен менаџер за готов бетон во ТИТАН Усје.

Стручната студиска посета на студентите од Градежен факултет е дел од пошироката соработка на ТИТАН Усје со Градежниот факултет. Проектот „Знаење + CO₂ -“ е заедничка иницијатива на ТИТАН Усје и Градежниот факултет при УКИМ, насочена кон унапредување на едукацијата, истражувањето и подигнувањето на свеста за одржлив развој и декарбонизација во градежната индустрија. Кон крајот на минатата година во рамките на оваа соработка беше отворен нов едукативен и истражувачки центар на Факултетот, со поддршка од ТИТАН Усје.

ТИТАН Усје останува посветен партнер на академската заедница и ќе продолжи со поддршката на високото образование и развојот на младите инженери, создавајќи можности за стекнување практични знаења, размена на искуства и продлабочување на соработката помеѓу академската заедница и индустријата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни