По повод празникот Св. Климент Охридски – 8 Декември денеска делегации на Собранието, Владата и на повеќе други институции и организации ќе положат цвеќе пред споменикот на св. Климент Охридски во НУБ „Св. Климент Охридски“.
Во состав на владината делегација ќе бидат министрите за образование и наука, Арбер Адеми, за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и министерот задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, Аксел Ахмедовски.
Во Собранието ќе биде доделена државната награда „Св. Климент Охридски.
Честитки по повод празникот Св. Климент Охридски, честитки упатија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов како и премиерот Зоран Заев.
