Балкан

Одземена дозволата на Алта банка во Србија, осигурените депозити ќе се исплаќаат во рок од седум работни дена

Одземена дозволата на Алта банка во Србија, осигурените депозити ќе се исплаќаат во рок од седум работни дена

Народната банка на Србија (НБС) ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта банка АД Белград поради значително влошување на финансиската состојба и ризици за средствата на депонентите. Одлуката ја донел Извршниот одбор на денешната седница, соопшти централната банка.

Ова следува само една година откако Алта банка ја презеде Стопанска банка Битола.

На одземањето на дозволата му претходеле контролни активности насочени кон зголемување на ликвидноста на банката. Сепак, со надзорот било утврдено дека нејзината финансиска состојба значително се влошила и дека постои можност за дополнително нарушување на ликвидноста, со што се загрозени интересите на депонентите.

Од НБС наведуваат дека одлуката е донесена откако биле исполнети условите предвидени со Законот за банки, со цел да се заштитат депонентите и да се зачува стабилноста на финансискиот систем.

Со судско решение, Агенцијата за осигурување депозити ќе биде именувана за стечаен управник на Алта банка.

Според соопштението, Агенцијата во рок од седум работни дена ќе овозможи исплата на осигурените износи и располагање со средствата на депонентите, во согласност со Законот за осигурување депозити.

Алта банка лани во 2025 година стана мнозински акционер во Стопанска банка Битола, во чија претходна сопственичка структура учествуваше и бизнисменот Орце Камчев

Македонската Комисија за хартии од вредност на 10 септември 2025 година ѝ издала дозвола на Алта банка АД Белград да објави понуда за преземање на Стопанска банка Битола по цена од 3.777 денари за акција. Понудата се однесувала на 371.538 обични акции со право на глас, кои заедно со веќе поседуваните акции на преземачот и лицата што дејствувале заеднички со него ја опфаќале целата основна главнина.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни