Одземена лиценцата за проектирање на „Балкан Енерџи“

Министерството за транспорт и врски донесе одлука за одземање на Лиценцата А за проектирање на градби од прва категорија на правното лице „Дистрибуција на топлинска енергија Топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје“. Решението со број 34уп-29/2020 е донесено на 9 април 2025 година и станало правосилно на 26 јуни 2025 година.

Според податоците од Централниот регистар, лиценцата што се одзема се однесува на активности за проектирање, издадена во 2020 година со важност до 2027 година. Одлуката не се однесува на дистрибутивната дејност на компанијата, туку исклучиво на нејзината способност да врши проектирање на објекти од прва категорија.

Правното лице останува регистрирано за други активности, но според решението, не може да продолжи со вршење на дејности поврзани со одземената лиценца, ниту пак може да добие нова лиценца од истиот тип.