Панк, рок, различни жанрови, едночасовна журка ќе понудат за новогодишната вечер на плоштадот Македонија во Скопје, косовската група Офкестра. За биде добра забавата велат дека може и подолго да трае. Песните кои ќе ги пејат ќе бидат од нивниот репертоар, но и странски хитови. Настапувале на многу фестивали во Македонија, не само во Скопје, туку и во други градови. Во Македонија смеатат дека луѓето ја разбираат музиката и од каде и да дојдат музичари знаат да ги прифатат.
„Секогаш сме поминувале убаво, бидејќи луѓето доаѓаат да ја слушаат музиката, а не на кој јазик се пее“, изјави Сезгин Цури, член на групата „Офкестра“.
Се вчитува...
