На 31.12.2018 година во 09,30 часот е пријавена кражба во средно училиште ,,Кирил Пејчиновиќ“ на улица “Ѓорче Петров” во Тетово. Во временски период од 28.12.2018 до 31.12.2018 година од страна на непознат сторител со физичка сила отворен е прозорец од училиштето при што одземени се пет мауси, две тастатури, разновиден алат, пехари, искинати биле некоку дневници, а извршено е оштетување во наставничката канцеларија и неколку училници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СЛЕДЕТЕ НЕ:
