Ограничувања за собирања на јавни места и по дома, а во автобусите гужви и нема дистанца (ВИДЕО)

Иако Владата денеска треба да ги донесе новите мерки, меѓу кои се забранува собирања на јавни површини по 23 часот, и огранчување на бројот на гости кои може да ви дојдат дома, сепак, во автобусите од јавниот превоз и натаму има гужви, а нема дистанца.

Се вчитува...

Оваа снимка е од утрово каде што евидентно беше дека има турканици и гужви по автобусите, а дистанца нема никаде ниту кога се стои, ниту кога се седи во јавниот превоз.

Дел од патниците коментираа дека се е залудно, и дека турканици по автобусите секогаш ќе има.

Како ова ќе биде решено останува да се види.

.

Извор: ТВ21