Во живо Вонредно Ноќно студио 20:00 „Кризата со Алта Банка“ Гледај
Свет

Огромен кит се насука на брегот на Њујорк

Огромен кит се насука на брегот на Њујорк

Од декември 15 китови мистериозно се насукаа на источниот брег на САД, со неодамнешното насукање на грбав кит од 7,6 метри на бреговите на американската сојузна држава Њујорк. Научниците сè уште не знаат што го предизвикува.

“Тоа е машки грбав кит. Ова е прв таков случај на оваа област во последните пет години. Ова е најголемото насукање на кит на овие брегови во повеќе од една деценија”, рекол Дон Клавим од градот Хемпстед, како што пренесува БиБиСи.

Експертите наведуваат дека засега не гледаат причина за вакви инциденти, а локални активисти и научници се обидуваат да ја откријат причината за проблемот. Некои сметаат дека вината за насукувањето на китовите е поставувањето на ветерни електрани долж брегот, но локалните власти наведуваат дека нема докази за такво нешто.

„Засега не гледаме ништо што би можело да им наштети на китовите“, рече Синди Зиф, директорка на Clean Ocean Action.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни