Свет

Огромен руски напад на енергетски постројки – еден град без струја и вода

Огромен руски напад на енергетски постројки – еден град без струја и вода

Украинската новинарка Марија Авдеева ги опиша руските ракетни напади утринава низ Украина како „огромен удар за енергетската инфраструктура“, наведувајќи дека биле нападнати Киев, Днепар и Житомир.

Русите го нападнаа Житомир, градот е без струја и вода

Серхиј Сукомлин, градоначалникот на украинскиот град Житомир, на Фејсбук објави дека руските сили утринава нападнале енергетски објекти во тој град.

„Градот моментално е без струја и вода, болниците се на помошни генератори“, пишува Сукомлин и додава дека „информациите за бројот на жртвите и штетите ќе бидат објавени подоцна“.

Да потсетиме дека Житомир е град кој пред војната имал повеќе од 250.000 жители.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни