Уште еден мал брод со мигранти, трет по ред во рок од 24 часа пристигнал на грчкиот остров Китира, а според грчките медиуми, пренесувал околу 67 лица.
Во двата одвоени случаи во текот на вчерашниот ден, со две едрилици, пристигнаа вкупно 170 мигратни, а биле уапсени вкупно пет криумчари
За првиот случај, од грчката крајбрежна служба соопштија дека мигрантите пристигнале со едрилица, биле откриени на копно и станува збор за вкупно 97 лица од различна националност, од кои 82 мажи и 15 жени, а 55 се малолетни.
Меѓу мигрантите биле и тројца криумчари, кои се уапсени, а едрилицата билÐ ° пронајдена на карпест брег.
Втората едрилица била откриена во морскиот дел јужно од островот, а се пренесувале вкупно 73 лица, од кои 46 мажи, 21 дете и шест жени, а биле уапсени двајца криумчари .
За третиот случај, грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека мал брод со 67 мигранти пристигнал на плажа во западниот дел на островот.