Македонија

Оливер Спасовски утре во посета на Интерпол

Оливер Спасовски утре во посета на Интерпол

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утре ќе биде во работа посета на Романија.

„Утре ја започнуваме меѓународната агенда на МВР, со работи посети на Романија, на седиштето на СЕЛЕК во Букурешт и на седиштето на Интерпол во Лион, Франција. Прва точка на агендата е средба со романскиот колега, МВР Лучијан Никола Боде. Следува средба со Директорот на Центарот за соработка во областа на спроведување на законот на Југоисточна Европа – СЕЛЕК, Огуз Серкант АКИН. По средбите во Романија, следува работна посета на седиштето на Интерпол во Лион, Франција, каде што ќе остварам средби со Генералниот секретар на Интерпол Јурген Сток, Извршниот директор Стефан Кавана и одговорниот на Интерпол за Европа, Франц Шерман“, напиша Спасовски на Фејсбук.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни