Свет

ОН подготвени да помогнат, договорот од Преспа важен за целиот регион, вели Нимиц

Договорот од Преспа е многу важен чекор за стабилноста на регионот и за односите меѓу Македонија и Грција, изјави специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, по средбата во Њујорк со алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос. Тој воедно порача дека доколку е потребна помош, тогаш тој и Обединетите нации се подготвени да помогнат во спроведувањето на Договорот од Преспа.

Катругалос истакна дека на средбата со Нимиц ја повторил посветеноста на Грција на духот и на содржината на Договорот од Преспа, со предусловот што се подразбира, дека оваа посветеност е заемна и за другата страна. Метју Нимиц речиси три децении беше посредник помеѓу Македонија и Грција во решавањето на спорот околу името.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни