Македонија

Опожарено возило во скопско – повредени лица нема!

Опожарено возило во скопско – повредени лица нема!
Фото: 4news.mk

На 07.05.2026 во 02:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Орланци, скопско, во дворно место во селото, било опожарено паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.А.(39) од с.Орланци.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни