Бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ треба да се отвори денеска во Охрид, а опозицијата најави протести.
Вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повика на масовен протест, а истото го направи и Левица.
Од друга страна, Министерството за надворешни работи (МНР) апелира на мирен протест.
„Ова е провокација, тоа што го прави бугарската Влада нема врска со пријателство“, кажа вчера Мицкоски.
