Опозицијата секогаш бара дуел, но кога ќе дојдат на власт забораваат на тоа

Зоран Заев, Радмила Шекеринска и Бранко Црвенковски, додека беа во опозиција ја критикуваа ВМРО-ДПМНЕ дека нивниот лидер не се осмелува да се соочи со нив во телевизиски дуел. Постојано му порачуваа на Груевски да не се плаши, да го избере местото и времето за да се соочат очи в очи пред јавноста.

И сега состојбата е иста, само улогите се сменети. Сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, речиси во секое негово јавно појавување го повикува Заев на соочување во тв-дуел.

Единствениот телевизиски дуел меѓу Заев и Мицкоски се одржа пред седум месеци на македонскиот јавен сервис. ТВ21 неколкупати ги покани двајцата лидери за дебата во емисијата „Клик Плус“, но досега од премиерот Заев не добивме одговор.

РЕПОРТЕР: АРМЕНД ГАШИ

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното