Алијанса за Албанците го обвини градоначалникот на општина Чаир за нереализираните проекти кои ги вети во првата година од преземањето на општината. Платформата на Висар Ганиу тие ја нарекоа “Договор со изминат рок“. Фати Ќаили, советникот на АА во Општина Чаир, базирајќи се на “договорот“ наброи неколку од ветувањата на Ганиу.
„Овие денови изминува една година од мандатот на градоначалникот на Чаир, многу од ветувањата во кампањата не се реализираа, како што е Детската клиника во Гази Баба, чија изградба не е ниту почната. Потоа градинката во населба Серава која остана нереализирано ветување. Катните гаражи кои се од суштинско значење за жителите на Чаир, не се реализирани, исто така и кружните текови кои ги вети градоначалникот, не ги направи. Младинскиот центар во населба Серава и многу други ветувања“, изјави Фатих Ќаили.
ТВ21 ја контактираше општина Чаир но од таму по електронска пошта ни пратија едногодишен извештај, со реализираните проекти и со оние кои се очекува да се реализираат во 2019. Од Општината велат дека во првата година од мандатот, откако Ганиу е градоначалник, се фокусирани на реализирање на барањата на граѓаните.
Тоа што беше примарно за нас на почетокот од добивањето на мандатот беше да одговориме на барањата на граѓаните, кои се на последните две страни од “Договорот“ а кои се однесуваат на подобрување на патната инфраструктура, асфалтирање на улиците и бекатонизација на тротоарите, подигање на нивото на јавната хигиена, креирање зелени површни и детски катчиња“, велат од Општина Чаир.
Од Алијанса исто така го обвинија Ганиу дека не учествувал на седниците на Советот и дека не ги зема предвид нивните барања.
Меѓутоа, градоначалникот на Чаир преку видео на Фејсбук наброи неколку од реализираните проекти, како што се:Асфалтирање на неколку улици и уредување на неколку тротоари, паркови и велосипедски патеки. Потоа, булеварот во зоната на Бит Пазар како и неколку други проекти.
Репортер: Арменд Гаши
