Повикувањето на Украина да влезе во НАТО би започнало уште една светска војна, па сојузниците со право се воздржаа од ваков чекор на самитот во Вилнус, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
– Да ја вклучивме Украина во НАТО, тоа ќе предизвикаше итна војна – изјави Орбан.
Тој додаде дека на Запад сè уште преовладуваат непријателски чувства во корист на продолжување на украинскиот конфликт, пренесува Тасс.
– Жителите на Западот сакаат војна во Украина – изјави Орбан за радио „Кошут“ и додаде дека „Украинците се агресивни“ затоа што секогаш бараат нешто за себе.
Унгарскиот премиер оцени дека конфликтот во соседната земја ќе трае долго и дека унгарската Влада треба да биде подготвена за тоа.