Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Унгарија нема да ја признае пресудата против претседателот на Република Српска, Милорад Додик.
На предавање на MCC Fest во Естергом, Орбан рече дека е „неприфатливо“ „регент“ делегиран од Европската Унија да го соборува и суди претседателот избран од босанските Срби, објави MTI.
Унгарскиот премиер додаде дека овој чекор не е преземен поради корупција, туку затоа што Додик не ги спроведе одредени одлуки што дојдоа од ЕУ.
