Македонија

Ордановски: Младите повеќе размислуваат како да заминат отколку како да ја менуваат државата

Ордановски: Младите повеќе размислуваат како да заминат отколку како да ја менуваат државата

Сè поголем број млади луѓе во Македонија размислуваат за заминување наместо за учество во општествените процеси, предупреди Сашо Ордановски во емисијата „Ноќно Студио“ на 4ТВ.мк.

Според него, тоа покажува дека желбата за промени и активна улога во општеството значително опаѓа.

„Мнозинството од студентите гледаат начин како да се заминат. Тоа ви говори дека желбата да се остане, да се учествува, да се сподели и да се смени нешто е многу ниска“, рече Ордановски.

Тој оцени дека и изборните резултати се порака од граѓаните, посочувајќи го бројот на неважечки ливчиња како форма на протест.

Според него, Македонија веќе нема голема граѓанска енергија за масовни протести, а општеството се движи кон апатија.

„Апатијата и цинизмот се многу лоши за демократијата“, предупреди Ордановски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Петровска: Побаравме оставка од Филипче, нема разлика во цената за „Леонардо“ | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни