Македонија

Ордановски: Новинарството треба да биде коректив на власта, но цинизмот во општеството расте

Ордановски: Новинарството треба да биде коректив на власта, но цинизмот во општеството расте

Новинарството треба да има улога на коректив во општеството, но зголемениот социјален цинизам и падот на интересот за јавни теми ја отежнуваат таа функција, смета Сашо Ордановски.

Во емисијата „Ноќно Студио“ на 4ТВ.мк, тој оцени дека медиумите денес имаат потешка задача да влијаат врз јавноста и институциите.

„Генерално се случува пад на квалитетното новинарство во светот, но кај нас тоа има свои специфики“, рече Ордановски.

Тој посочи дека дури и колумнистите и аналитичарите имаат сè помало влијание врз јавните дебати.

Според него, промените во медиумскиот простор се поврзани и со начинот на кој луѓето ги примаат информациите, но и со брзината со која се создаваат содржините.

„Стануваме заменливи. Тоа е лошата вест за професијата“, заклучи Ордановски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни