Ослободителна пресуда доби Љубе Бошкоски и поголемиот дел обвинети за случајот „Робер“. Судот одлучи дека Бошкоски заедно со Зоран Трајковски, Сашко Јовановски, Ивица Ристиќ, Гоце Митревски и Никола Негриевски не се виновни за убиството на Маријан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година, пренесува „Фокус“.
Осудени беа тројцата српски државјани Предраг Чубрило, Милан Илиќ и Милорад Ковачевиќ кои се осудени на доживотен затвор. Ослободителна пресуда добил и четвртиот српски државјанин Вук Вукичевиќ.
Судијата Илија Танев рече дека фактичката состојба била утврдена, дека имало тепачки меѓу Тушевски и Коруновски, при што Коруновски нарачал ликвидација на Тушевски со ангажман на странски државјани.
