Македонија

Османи: Ако Русија успее преку референдум да анектира територија, очекувајте утре секој поголем сосед да го прави истото

Османи: Ако Русија успее преку референдум да анектира територија, очекувајте утре секој поголем сосед да го прави истото

Последните случувања со Русија треба да не алармираат, бидејќи нуклеарната војна влезе во секојдневните политички говори, рече денеска Министерот за надворешни работи на Макеоднија Бујар Османи.

„Организацијата на референдуми во окупираните територии на Украина, со цел да послужат како алиби за нелегална анексија на територијата“, рече Османи.

Тој додаде дека ваквите потези ја алармитаат и Македонија, не само поради тоа што ќе претседава со ОБСЕ од 1-ви јануари, туку и поради нашите национални интереси, јавува репортерот на 4NEWS.mk

„Ако може така лесно со референдуми на соседни територии да создавате алиби за анексија на соседни држави тоа веќе ги загрозува сите независни држави, посебно не загрозува нас, малите држави кои што не штити меѓународното право и меѓународниот ситем и безбедносната архитекрува на светот. Ако тоа се случи, ако се создаде таков преседан, очекувајте утре секој голем сосед да може да го направи на малите соседи“, додаде Османи.

Тој се чуди што 25% од граѓаните во Македонија мислат дека Руската агресија во Украина е оправдана и мислењето дека ова два пола во светот водат битка меѓу нив, а Македонија е на страна.

„Не ние не сме неутрална страна, ние сме директно загрозени од рушењето на меѓународните принципи кои не штитат“, додаде Османи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни