Македонија

Османи: Добивме предлог-договор за решавање на спорот со Бугарија, два члена беа неприфатливи за нас

Министер за надворешни работи Бујар Османи на брифинг со новинарите откри дека минатата година во декември тогашната МНР на Бугарија Екатерина Захариева му дала предлог договор за решавање на спорот меѓу двете земји, објави ТВ21.

Како што рече Османи, два члена биле спорни за нас од тој договор со кој се барало да потпишеме дека македонскиот јазик произлегува од бугарскиот, а нацијата произлегла од обидот за ослободување од отоманската империја.

Османи додава дека засега нема идеја за потпишување на нов договор со нашиот сосед.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни