Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на брифинг истакна дека никој не може да го оспорува македонскиот јазик.
„Најголемата придобивка на овој процес за кој се бореле генерации ние 90% од времето се боревме за тоа, да се затвори прашањето за јазикот. Ние може да кажеме дека никој не може да оспорува јазик, но јас можам да кажам дека во ЕУ досега никогаш не бил потпишан документ на македонски јазик. Бевме приморани да направиме билатерални договори, за да дојдат нивни полицајци на наша граница, оти не можевме да ги користиме еу ресуристе поради јазикот“, вели Османи.
Тој додава дека Бугарија барала да биде официјален јазик на Северна Македонија или јазик согласно уставот.
„Не смееме ЕУ да прифати став на Бугарија. Во рамката се утврдува јазикот, таа се усвојува кога ние ќе кажеме ДА на предлогот“, порача Османи.
Османи додаде дека во преговарачката рамка и параграфот каде што се споменува јазикот е ист како со Албанија, Србија, Црна Гора… Тој уште еднаш додаде дека македонскиот јазик е чист.