Македонија

Османи: Кралицата Елизабета Втора уживаше голема почит и авторитет во Република Северна Македонија и пошироко во светски размери

Османи: Кралицата Елизабета Втора уживаше голема почит и авторитет во Република Северна Македонија и пошироко во светски  размери

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот Фејсбук профил сподели фотографија преку која го изрази своето искрено сочувство за длабоката тага и жалост поради смртта на Нејзиното Величество, Кралицата Елизабета Втора.

„Кралицата Елизабета Втора уживаше голема почит и авторитет во Република Северна Македонија и пошироко во светски
размери. Ќе остане запаметена како исклучителен лидер на Обединетото Кралство и Комонвелтот, чие неприкосновено владеење со британскиот трон остави зад себе траен белег, што ќе се памети низ годините и децениите што следат. Нека почива во мир“, напиша Османи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни