Македонија

Османи: Објавените документи не се финалниот предлог – „Автентичниот ќе биде ставен на увид на јавноста“

Османи: Објавените документи не се финалниот предлог – „Автентичниот ќе биде ставен на увид на јавноста“

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот Фејсбук профил посочи дека објавените документи не се финалниот предлог од француското претседателство.

„Со оглед на чувствителноста на моментот, сакам да посочам дека објавените документи во некои од медиумите не се финалниот предлог кој Француското претседателство го сподели денес со Владата преку Министерството за надворешни работи“, пишува Османи.

Тој додава дека имаат целосно разбирање од јавноста за потребата да бидат запознаени со содржината на предлогот.

„Но во исто време ќе замолиме за кратко трпение со цел да поминат консултациите низ институциите и предлогот соодветно да биде презентиран. Како што беше ветено, почнуваме процес на широку консултации и автентичниот предлог интегрално ќе биде ставен на увид на јавноста“, вели Османи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни