Jавна дискусија за нацрт амандманите за уставните измени на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово: Да го заокружиме процесот на уставни измени, членството во ЕУ и НАТО не обединува!
Заменик претседателката на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи учествуваа на последната петта јавна дискусија за нацрт амандманите за уставните измени којашто се одржа денеска во
Заменик претседателката на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска ја испрати пораката дека се затвора едно од најважните прашања за нашата држава и затоа е важно овој процес да се води инклузивно со вклученост на граѓаните и сите општествени чинители.
„Јас верувам дека ова што го правиме е шанса на младите да им дадеме крилја за да можат својата земја да ја направат подобро место за живеење.
За таа цел ни една жртва не е преголема. Ова е процесот кој ќе ни овозможи членство во НАТО и ЕУ“, порача министерката Шекеринска. Министерката Шекеринска во своето обраќање се осврна на политичкиот процес кој трае веќе 27 години, на пропуштените шанси и историски грешки кои не смееме да ги повториме и рече дека мора на време да го заокружиме процесот, бидејќи нашата држава после сите резултати и храбри чекори што ги презеде го заслужува членството во НАТО и започнувањето на процесот на преговори со ЕУ.
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи ја нагласи потребата од брзо и навремено заокружување на процесот на уставните измени, и како клучни во тој процес ги наведе јавните дискусии на кои се дебатира и се разменуваат мислења и идеи со стручната јавност и граѓаните за решавањето на ова важно политичко прашање кое ги отвора вратите за членство на нашата земја во ЕУ и НАТО.
„Да бидеме внимателно посветени на последните денови од заокружување на овој процес бидејќи втора шанса нема да имаме. Целта која што не обединува е членството во НАТО и ЕУ. Економските придобивки од членството во НАТО и ЕУ ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните и ќе ја донесат Европа кај нас“, соопшти вицепремиерот Османи.
Вицепремиерот Османи зборуваше за нашата улога во регионалните и глобални случувања, за геостратешките интереси и во тој правец ја нагласи итноста на завршување на процесот за наше конечно зачленување на НАТО.
„Уставните измени се изработени во духот на Преспанскиот договор во постојана координација со грчката страна. Станува збор за многу сложен процес чијашто завршница се наближува. Мораше да се прецизираат одлуките и сет на документи на АСНОМ. Целта беше да се отфрлат сите можни иредентистички и сепаратистички моменти“, рече вицепремиерот Османи.
