Утре министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе има излагање пред членовите на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Северна Македонија, каде ќе информира за текот на разговорите и севкупните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.
Седницата на оваа комисија е предвидено да започне од 11:45 часот, во салата Борис Трајковски.