Балкан

Османи: Во Брдо-Бриони едногласно се побара укинување на визите за Косово

Османи: Во Брдо-Бриони едногласно се побара укинување на визите за Косово

Претседателката на Косово, Вјоса Османи изјави дека Самитот на иницијативата Брдо-Бриони, што се одржа денеска во Брдо крај Крањ во Словенија, домаќинот, словенечкиот претседател Борут Пахор, како и другите учесници, едногласно порачале дека е крајно време Европа да ги укине Шенген-визите за косовските граѓани.

Во обраќањето пред новинарите по завршувањето на Самитот, што попладнево го пренесоа медиумите во Приштина, Османи изјави дека „Косово и натаму ќе остане рамноправна членка на Европската унија“ од Западен Балкан и нагласи дека „нема земја во ЕУ која … е против либерализацијата“.

Косовската претседателка ја најави и кандидатурата на нејзината држава за добивање на статусот на кандидат за членство во ЕУ.

-Косово и натаму ќе остане рамноправна членка на Европската унија … Нема земја во ЕУ која ни вели дека е против либерализацијата и сега е вистинскиот моментум. Косово го одбра евроатлантскиот пат и тоа го направивме свесно. На крајот на годинава ќе аплицираме за статусот на земја-кандидат, изјави Османи, порачувајќи дека нејзината држава го заслужува тој статус и треба да го добие час поскоро.

За Самитот во Брдо крај Крањ, на кој, меѓу другите, учествуваа и државните челници на другите земји од Западен Балкан, Османи рече дека има значајна улога за приближување на регионот кон ЕУ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни