Македонија

Османи во Џерба на Самитот на Франкофонијата на тема дигитализација

Османи во Џерба на Самитот на Франкофонијата на тема дигитализација

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес, 19 ноември 2022, учествува на 18-от Самит на шефови на држави и влади на Франкофонијата, што се одржува во островот Џерба, Тунис. Самитот се одржува под темата: Поврзувањето во разноликоста: дигитализацијата вектор на развојот и солидарноста во франкофонскиот простор.

„ Технологиите продолжуваат да се развиваат брзо и овозможуваат иновативни комбинации кои ја насочуваат дигиталната трансформација во нови и често непредвидени правци. Дигиталната трансформација влијае на сите аспекти на животот, економијата и општеството. Осмислувањето на политики во оваа област мора да земе предвид неколку можни идни сценарија, вклучувајќи ги и основните несигурности кои доаѓаат со нив, за да се осигура дека политиките што се спроведуваат денес ќе останат отпорни на промените што ќе се случат во иднина, а исто така и на непредвидените предизвици како што се здравствените кризи и сл. Јавните власти и останатите чинители мора заедно да осмислат заедничка дигитална иднина за да го подобрат животот на граѓаните и да го стимулираат економскиот раст на земјите во француското говорно подрачје и пошироко, без оглед на нивното ниво на развој, истовремено внимавајќи никој да не биде оставен сам на себе.“, истана Османи посочувајќи притоа и на „Националната стратегија за информатички и комуникациски технологии за периодот 2021 – 2025 година на Република Северна Македонија, во чии фокус се приоритетни области во ИКТ секторот и подготовка на земјата за сестрана и агилна дигитална иднина.

Самитот на франкофонијата за прв пат се одржува во северноафриканска арапска земја, каде учествуваа шефови на држави и влади на 88 земји од 5 континенти.

Министерот Османи, во рамки на Самитот оствари низа билатерални средби, како и бројни неформални средби со високи претставници, со кои разговараа за иднината на Франкофонијата и актуелните случувања во светот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни