Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес во Торино учествуваше на 132-та министерска сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа, на која се изврши и примопредавање на претседателството со Комитетот од Италија на Ирска за следниот шест-месечен период.
Фокусот на дискусиите на министрите беше насочен кон последиците од агресијата на Руската Федерација врз Украина, што меѓу другото доведе и до исклучување на Руската Федерација од Организацијата во март оваа година.
Министерот Османи во своето обраќање нагласи дека Северна Македонија, од самиот почеток на воената агресија, се приклучи кон изјавите, иницијативите и мерките преземени во рамки на мултилатералните форуми за нејзина осуда, вклучувајќи ги и санкциите на ЕУ. Инаку, во 2023-та година, Северна Македонија ќе претседава со ОБСЕ.