Свет

Остатоци од огромна кинеска ракета паднаа на Земјата – објавено каде

Остатоци од огромна кинеска ракета паднаа на Земјата – објавено каде

Остатоци од кинеската ракета што беше лансирана во понеделникот паднаа на Земјата. Вселенската команда на американската армија ја објави локацијата на несреќата, која е во јужноцентралниот дел на Тихиот Океан. Првите информации за влегувањето на ракетата во атмосферата се појавија околу 11 часот. Ракетата беше видена над Мелбурн, Австралија, како што беше предвидено.

Воздушниот простор накратко беше затворен во неколку европски земји поради очекувањето на падот на ракетата. Службата за вселенски надзор и мониторинг на Европската унија предупреди на можноста остатоците да навлезат во атмосферата на Земјата во средината на Атлантикот и дека северна Шпанија, Португалија и јужна Италија се во потенцијалниот пат на ракетата.

Најмоќната кинеска ракета Long March 5B (CZ-5B) полета од јужна Кина на 31 октомври за да го испорача последниот модул на кинеската вселенска станица која моментално се гради.

Тоа беше четврти лет на „Долгиот марш“ од неговото прво лансирање во мај 2020 година. При првото лансирање, делови од ракетата паднаа на Брегот на Слоновата Коска, оштетувајќи неколку згради во западноафриканската држава, но никој не беше повреден.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни