Македонија

Отчет на Димитров и Османи за недобивањето датум за преговори, ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија салата

По дадена изјава, Милошовски заедно со парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата, каде министерот Димитров и вицепремиерот Османи, даваат отчет пред пратениците, околу тоа зошто Македонија не доби датум за старт на преговорите. Милошовски порача дека во Комисијата за надворешна политика е вистинското место каде треба да се дискутира за неуспехот за добивање датум.

Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека Владата е виновна за недобивањето датум, е политичка дрскост и срам, рече шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. Според него, ВМРО-ДПМНЕ во текот на целиот период додека била на власт не направила ништо за да ја однесе земјата во ЕУ и НАТО.

Вицепремиерот Бујар Османи, уште еднаш пред пратениците повтори дека одлуката на ЕУ за недобивање датум е историска грешка и неправда.

За отчетноста на министерот и вицепремиерот, реагираше и пратеникот Сурија Рашиди од Алијанса за Албанците. Тој рече дека власта сака да прикаже лажна слика околу вината и одговорноста за неуспехот за добивање датум.

На денешната седница беа поканети сите пратеници од Собранието, претставници на дипломатскиот кор, како и претставници на владиниот и невладиниот сектор, академскиот свет и медиумите.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни