Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите откри дека Србија се согласила да помогне со 8000 вакцини од „Фајзер“.
„Имам чест да соопштам една добра вест. Србија преку претседателот Вучиќ понудија помош, и ние ја прифативме. Тие се согласија да ни помогнат со тоа што ќе ни дадат 8000 вакцини од Фајзер, а за другите вакцини имаат договори кои треба да проверат. Ќе информираме соодветно. Јас сум благодарен и сакам од името на целиот македонски народ да изразам благодарност до Србија. Ова е сериозен чин на пријателство.“, рече Заев.
Тој истакна дека во последните неколку дена, државата бара поддршка и помош од други земји за вакцини, пред да пристигне првата количина од 5850 следниот месец.
Пред Нова година вети дека и Бугарија ќе помогне со вакцини за Македонија.