Поврзи се

4NEWS.mk

Отворен ден во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија

Ученици од ООУ„Д-р Владимир Полежиноски“ од Кичево, денеска го посетија Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, каде имаа можност да се сретнат и лично да поразговараат со претседателот Пендаровски, да се информираат за неговите надлежности, да присуствуваат во просториите во коишто се одвиваат официјалните и работните средби, како и во салите во коишто се организираат свечености, состаноци, настани и прес-конференции.Посетителите се сретнаа и со дел од вработените во Кабинетот, и беа запознаени со историјатот на Вила Водно, со дел од активностите, и со начинот на функционирање на оваа институција.

-Текстот продолжува по рекламата-

Учениците имаа можност да присуствуваат и на церемонијата за промена на државното знаме на платото во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, извршена од припадниците на Баталјонот за почести и опслужување на Армијата, што се одржува со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Северна Македонија, како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.

Денешниот настан е дел од проектот Лице в лице со Претседателот, со кој се реализираат директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски. Сите заинтересирани граѓани и организации, со претходно пријавување на официјалната интернет страница на Претседателот http://pretsedatel.mk/?page_id=3016 ќе имаат можност да остварат директна комуникација со претседателот Пендаровски, да споделат свои идеи, предлози и сугестии, како и да присуствуваат на настани од јавен карактер коишто ќе бидат реализирани во Кабинетот. 

Извор: Сител телевизија

Реклама
Македонија

Ни 30% од државата нема канализација – треба ли да се стремиме кон Eвропа без канализација?

Македонија

Внимателно со „Малиот шенген“ – СКСЗМ: Не треба да и се наштети на економијата на земјава

Македонија

Што се случи во петокот во Охис? Објаснува Макрадули во #10минути на ТВ21

4NEWS.mk

Косово: ЦИК ќе ја чека одлуката на Врховен суд за гласовите од Србија

Македонија

Зошто граѓаните се жалеа, а истражувањето покажа дека нема штетни материи во воздухот? Одговара Макрадули во „10 минути“

4NEWS.mk

МААЕ откри збогатен ураниум на непријавена локација во Иран

Македонија

Што друго опасно има освен Линдан во Охис? Одговара Макрадули во „10 минути“ на ТВ21

4NEWS.mk

Макрон го пречека Пендаровски

4NEWS.mk

Полска ја прослави годишнината од независноста палејќи знаме на ЕУ

Македонија

Макрадули: Разочаран сум бидејќи пропадна тендерот за филтри на РЕК Битола

Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com