Македонија

Отворен зелениот покрив на ГТЦ – Вистинско катче за одмор и релаксација

Зелениот покрив на Градскиот трговски центар (ГТЦ) на кој се засадени 3.656 дрвја од преку 60 видови беше отворен денеска по неколкумесечна работа на Градот Скопје заедно со ГТЦ во рамки на меморандумот за соработка со УНДП за отпорен град.

„Конечно го ставивме во употреба новиот квалитетен јавен простор на скопјани, простор кој полека ќе си го заземе своето место во т.н. „скопски приказни“, тука ќе се раѓаат убави спомени за нашите сограѓани“, истакна денеска на отворањето на покривот, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни